Глобален самит на жени раководителки – Жените и мажите имаат различни погледи за политика?!

420
0
АКЦИЈА

Овие две дами се активно вклучени во политичките случувања во Македонија, поточно тие се дел од преговорите помеѓу СДСМ и ДУИ за формирање на нова влада. Сепак, овие случаи во нашата држава се ретки. Поточно, мал број на жени директно учествуваат во креирањето на политиката во Македонија.

На глобалниот самит за жени раководителки учествуваа 300 претставнички на понежниот пол од пет континенти. Како што беше потенцирано на самитот овој проблем е глобален.

Една од трите министерки од сегашната влада Марта Арсовска Томовска вели дека не е лесно да се функционира во светот во кој доминираат мажите. Според неа поголем број на жени на раководни позиции би сменило многу нешта.

Првата дама на Македонија Маја Иванова вели дека ја употребила нејзината позиција за позитивно да влијае на нештата во општествените процеси.

Даниела Арсовска е домаќин на годинешниот глобален самит за жени раководителки.  Како што вели таа, од денеска Македонија ќе биде претставувана од 20 жени во Глобалната платформа за жени лидери каде што членува и германската канцеларка Ангела Меркел.

Во скандинавските држави, но и во некои африкански, процентот на жените кои учествуваат во политиката и носат големи одлуки постојано се зголемува. Како пример беше издвоена Руанда, африканска држава во која жените учествуваат со 50 проценти во носењето одлуки во општествените процеси.

 

Бајрам Мемети

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР