Арифи: Зачестените контроли во Општина Тетово се политички мотивирани

353
0
АКЦИЈА

Повеќе институции во изминатите неколку недели ја проверуваат работата на локалната власт во Тетово. Според градоначалничката Теута Арифи се работи за политички мотивирани и злонамерни контроли во пресрет на формирањето на новата влада. Како што вели таа, ваквите контроли не се прават во интерес на градот. Изминатава недела Основното jавно oбвинителство по пријава на полицијата проверуваше дали Општина Тетово го почитувала законот кога издавала дозволи за летни тераси. За таа цел извршиле проверка на 74 угостителски објекти. Цел на контроли кои ги вршат институции на државно ниво, беа и општините Гостивар и Чаир, чии градоначалници се потпретседатели на ДУИ, кои не се согласуваат партијата повторно да влезе во владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР