СЈО поднесе жалба за случајот „Тврдина“

446
0
АКЦИЈА

Специјалното јавно обвинителство потврди дека поднесело жалба до Кривичен суд во врска со решението на судијката Александра Поп Стефанија со кое ги прогласила за незаконски претресите што СЈО ги има извршено во домот на Горан Грујовски од УБК, бидејќи при тоа не било обезбедено неговото присуство. Судијата Поп Стефанија ја прифатила жалбата на началникот од УБК, осомничен за уништување на опрема и докази во врска со прислушувањето и одлучила дека претресите направени во неговиот дом се незаконски, бидејќи СЈО не го обезбедило неговото присуство. Претресите биле направени додека Горан Грујовски беше во притвор со решение на судија на претходна постапка на Кривичниот суд. Грујовски само неколку дена помина во притвор во „Шутка“ но судот му ја уважи жалбата и го укина притворот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР