Заев не го прочитал нацрт-законот за албанскиот јазик, што го достави ДУИ

1335
0
АКЦИЈА

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се уште не го прочитал документот испратен од ДУИ. Причината е што нацрт-законот за албанскиот јазик интегративците го доставиле до Бихаќка речиси на полноќ. Зоран Заев вели дека лично не го видел документот што содржи, но работна група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска заедно со голем број експерти од партијата и надвор од неа го разгледуваат материјалот.

„За нас е сè прифатливо што е во рамките на Уставот, се она кое претставува практична потреба на граѓаните од албанската заедница, секако имајќи ги предвид и потребите на граѓаните од другите етнички заедници. Тие две рамки, уставно да биде одржливо и практична потреба на граѓаните ја претставува рамката и јас верувам дека ќе успееме да најдеме решение“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Што содржи нацрт-законот за албанскиот јазик не открива ниту Демократската унија за интеграција.

Антонио Крстевски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР