Обвинетиот во „Диво насеље“ Сами Укшини, не се чувствува виновен

1166
0
АКЦИЈА

Денеска продолжиа судскиот процес „Диво насеље“ за судирот на полицијата со оружената група во Куманово во мај 2015.

Денеска обвинетиот Сами Укшини даваше исказ во судницата и изјавил дека не требало да се предаде на полицијата и дека не се чувствува виновен бидејќи не и командувал на групата, а станал дел од групата на барање од Бег Ризај и Мирсад Ндрецај.

А единственото оружје кое го имал бил Калашников, АК – 47. Според него полицијата имала цел да ја ликвидира целата група, а не да ги приведат.

Од косовската група претходно најавија дека во нивните сведочења ќе бидат споменува полициски службеници, како и политички активни личности. За овој случај им се суди на на вкупно 37 лица.

Аднан Ќаили

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР