Пресуда за „црниот понеделник“ – Стразбур во полза на новинарите избркани од Собранието

464
0
АКЦИЈА

Насилното отстранување од собраниската галерија, од која како акредитирани новинари ја следеа расправата за Буџетот, на 24 декември 2012 година, ги натера новинарите Насер Селмани, Наташа Стојановска, Фросина Факова, Снежана Лупевска, Билјана Богдановска и Тони Ангеловски да поднесат жалба до  Уставниот суд на Македонија. Но таму нивното барање беше одбиено, со образложение дека собраниското обезбедување кое ги отстрани од салата дејствувало во нивна заштита.

Но, за разлика од Уставниот суд, Европскиот суд за човекови права пресуди во нивна полза. Новинарката Снежана Лупевска раскажува за случувањата од „црниот понеделник“ како што останаа познати насилствата во Парламентот тој ден, кога беа отстранети и пратеници од опозицијата. Таа вели дека домашните судови треба да се реформираат.

Лупевска се надева дека овој пример ќе му послужи на македонското судство да види каде греши, но и на политичарите – за да почнат да ја почитуваат поделбата на власта во државата.  Петрит Сарачини, познава на медиумските состојби во Македонија, додава дека одлуката во Стразбур покажува дека судскиот и правниот систем во земјава се покажаа нефункционални:

Во членот 6 од Конвенцијата, на кој се повикуваат новинарите, се вели дека секој има право да бара, правично и јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен со закон воспоставен суд,  да му бидат разгледани и утврдени неговите граѓански права и обврски, или основаноста на какви било кривични обвиненија против него.

Носењето на Буџетот на крајот од 2012 година, се вели во образложението од Европскиот суд  беше проследено со тензија меѓу власта и опозицијата, а кулминираше кога опозициски пратеници го опкружија претседателот на Собранието, по што тој нареди обезбедувањето да воспостави ред.

Следејќи ја наредбата, обезбедувањето физички од собраниската сала ги отстрани опозициските пратеници, но и новинарите од собраниската галерија, вклучувајќи ги и шестмината кои се пожалија во Стразбур.

Мирадие Хасани

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР