ЧЕРВАР: ШПАНИЈА НА НАДВОРЕШНИТЕ ЛИНИИ НЕ Е ТОЛКУ ДОБРА КАКО СЛОВЕНИЈА

343
0
АКЦИЈА

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Лино Червар очекува нешто полесно задача на вечерашниот дуел со Шпанија, во однос на претходниот противник Словенија.

– Шпанија имаат добра транзиција со крилата Ривера и Томас, но надворешната линија не е толку добра колку Словенците, не е разновидна. Треба да бидеме мудри, бидејќи играме со Шпанија, а потоа со Исланд, ден по ден. Ако сме во вториот круг тоа е успех и психолошки порастоварено ќе играме на последните два дуела, рече Червар.

Македонија по трите одиграни рунди и двете победи (Тунис и Ангола) има обезбедено осминафинале, но од исходот на последните два натпревар ќе зависи кој противник ќе го добие во следната фаза. Евентуален позитивен резултат вечер со фаворитот ќе значи зголемување на шансите за повисок пласман во групата.

– Имавме состанок со анализа на нашиот натпревар со Словенија, пред се за нашите слаби страни, но и оние добри моменти. Шампионатите се такви и сега треба да „се кренеме“ и да одиме напред. Дуелот со Тунис беше важен и се покажа тоа. Мислиме на Шпанија и на Исланд. Психолошки е важен исходот од дуелот Словенија – Тунис. Не ги бранам играчите, но Миркуловски откако испадна од игра беше тешко. Мислам дека ќе биде во составот за двата дуела.

Почетокот на средбата од 4.коло Б-група на СП меѓу Македонија и Шпанија е во 20 часот и 45 минути.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР