МЛАДИТЕ ОД ЛГБТ ИЗЛОЖЕНИ НА НАСИЛСТВО, НАМАЛЕНИ ПРАВА И ПОДДРШКА ОД СРЕДИНАТА ВО КОЈА ЖИВЕАТ

468
0
АКЦИЈА

Учениците на 15 годишна возраст во Македонија, со изразена хомо сексуална и бисексуална ориентација според студија , се многу почесто жртви на насилство и малтретирање во училиште, но и жртви на психичко и физичко насилство дома, во споредба со нивните хетеро-врсници.

Младите од оваа група се речиси пет пати почесто напаѓани и сексуално вознемирувани, за што најчесто немаат кому да се обратат. Голем дел од нив се соочуваат со помалку разбирање во семејството и недоволна поддршка од родителите.

Истражувањето покажува дека се потребни системски реформи во образованието, за подигање на свеста кај младите за потребата од безбедност и еднаквост во училиштето,  средина во која тие го поминуваат клучниот период од својот личен индивидуален развој.

Публикацијата во која се изложени заклучоците од истражувањето содржи и резултати за сексуалното однесување, интересите и заштита кај младите од 15 год во Македонија, добиени со нивно директно учество како испитаници. Се работи за меѓународно истражување за однесувањето поврзано со здравјето на деца на училишна возраст, меѓу 11 и 15 години, кое се спроведува секоја четврта година, во 44 земји од Европа и Северна Америка.

Eлмедина Мјаки

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР