АХМЕТИ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ТВ 21- ДУИ ДЕТАЛНО АНАЛИЗИРА СО КОГО ЌЕ КОАЛИЦИРА

1564
0
АКЦИЈА

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ беше јасен дека не ја прифаќа платформата на Албанските партии, но лидерот на ДУИ вложи напор да не биде јасен на прашањето дали ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ. Во интервју дадено за ТВ 21 Али Ахмети синоќа постојано го заобиколуваше одговорот на прашањето со која македонска партија ќе формира Влада.

Професорот  Фрчкоски вели дека платформата е само уште една алатка за  дефокусирање на јавноста во критичен момент, свртување на вниманието од вистинската причина за кризата. На луѓето повторно им се мачкаат очите вели тој и додава дека криминалите по којзнае кој пат во Македонија се прикриваат со сеење страв од меѓуетнички тензии.

„Ако ги анализирате фактите ја превртувате темата на кризата, таа од политичка диктатура, узурпација на права, кражба на национален односно државен имот и заглавување на Македонија во надворешната политика се претвори во меѓуетничка дебата. Бидејќи кризата не е етничка, тоа е лажна дебата, која се наметна со создавање на приоритетите во платформата“, смета Фрчкоски.

Професорот Мерсел Биљали вели дека Македонија и натаму е заложник на структурите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои ќе сторат се за да продолжат заедно, иако околностите се променети.

Се уште не е потврдено дали Груевски и Ахмети ги почнаа официјалните преговори за формирање Влада. Со оглед на досегашното заедничко искуство, аналитичарите не се сомневаат дека полесно ќе ги лоцираат заедничките приоритети за евентуално водење на Македонија во уше еден мандат. Груевски, како мандатар, има рок до 29 јануари да одговори дали продолжува или не со влада во стариот партиски состав.

Антонио Крстески

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР