„СЛОБОДА ЗА РАМУШ ХАРАДИНАЈ”- ВТОР ПРОТЕСТ ПРЕД ФРАНЦУСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ

1193
0
АКЦИЈА

Студенти, професори, пејачи, актери и група граѓани денеска пред Француската амбасада во Скопје бараа правда за Харадинај, како што велат. Тие ги повикаа француските власти и Европската унија, што е можно побрзо да го ослободат поранешниот коосовски премиер и некогашен командант на Ослободителната војска на Косово.

Во името на уметниците кои излегоа на протест, порака до официјален Париз прочита пејачот на познатата група „Елита 5“.

Ова е втор пат во Скопје да се протестира за ослободување на Харадинај.  Првиот собир, минатиот петок беше организиран од Албанската студентска унија и активистите од граѓанскиот сектор. Лидерот на Алијансата за иднината на Косово се уште е во притвор во Франција откако минатата недела беше уапсен по потерницата што Србија ја има издадено уште во 2004 година.

Во меѓувреме обвинителството за воени злосторства на Србија, го прошири обвинението против Харадинај, како што се тврди поради добивање нови докази против него, кои ќе бидат испратени до судот во Франција.

Арменд Мурсели

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР