СЕДНИЦАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ ЗАТВОРЕНА ЗА ЈАВНОСТ, ДО КРАЈ НА МЕСЕЦОТ ЌЕ СЕ ИЗБЕРАТ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА КРИВИЧЕН И ВРХОВЕН

366
0
АКЦИЈА

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски го одби на барањето на претседателката на Управен Суд, Лидија Неделкова јавно да се разгледува нејзиниот приговор. Тој рече дека оцените на судиите биле од доверлив караткер. Тој рече дека дел од приговорите на кандидатите се прифатени, а дел отфрлени и дека до крајот на месецот ќе се изберат Претседатели на Кривичниот  и Врховниот суд.

„Согласно законот за судовите и деловникот за работа на Сускиот совет на Република Македонија мора да се испочитуваат одредбите за нејавност на седниците во овој дел, особено што решенијата кои се изготвуваат со оцените се од доверлив карактер. Секој ја добива оцената во затворен плик. Тоа е така уредено и со законот и со деловникот на работа и од тие причини не може јавноста да биде присутна“, рече Караџовски.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР