СРЕДБА ЗАЕВ – АЛТХАУЗЕР: ПОТРЕБНА Е СИЛНА И ПОСВЕТЕНА ВЛАДА СО РЕФОРМСКИ ПРИОРИТЕТИ

348
0
АКЦИЈА

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на Германија во земјава Кристине Алтхаузер, а тема на разговорот, според партиското соопштение, била потребата од продолжување на демократските процеси во Македонија и формирање нова, силна, посветена влада кон реформските приоритети.

– Мнозинството граѓани на Македонија дадоа поддршка за демократска Македонија наспроти режим. Силна поддршка од граѓаните доби концептот на заедништво за којшто се определи СДСМ, наспроти концептот на поделби на досегашната власт. На тоа сме многу горди и сето ова е силен ветар во грб за добрата иднина на Македонија. Граѓаните избраа промени. Сега очекуваат квалитетен живот и развој на државата, рече Заев.

Како што стои во соопштението, на средбата биле посочени како клучни препораките во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе.

– Разговарано е посебно за потребата од реформа на судскиот систем, според најдобрите практики во регионот и светот, како и околу потребата СЈО целосно да ја заврши својата работа, со цел да се обезбеди функционирање на правдата и правната држава во земјава, се наведува во соопштението.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР