ЕЛЕМ КУПУВА СКАПА, А ПРОДАВА ЕВТИНA СТРУЈА –  БЛОК 3 НА РЕК БИТОЛА И НАТАМУ НЕФУНКЦИОНАЛЕН

442
0
АКЦИЈА

Струјата што деновиве ЕЛЕМ и ја продава на компанијата ЕВН – чија основна дејност е дистрибуција и снабдување со електрична енергија до потрошувачите, е по регулирана цена од 41 евро за мегават час, што е далеку пониска цена од набавната. Загубата во која ЕЛЕМ свесно влегува сега, од компанијата велат дека ќе биде надоместена подоцна во текот на годината кога Електрани на Македонија ќе го продава вообичаениот вишок енергија. Најниската цена по која ЕЛЕМ деновиве купува струја изнесува 52,85 евра, а највисоката достигна дури 64,35 за мегават час, информира  директорот Христијан Мицкоски.

Од ЕЛЕМ преку соопштение известуваат дека увозот нема да влијае врз цената на струјата.

„Вчера имаше најголема потрошувачка. Извршена е набавка на 3.600 мегавати електрична енергија, преку лиценцираните компании за трговија, во согласност со постојните правила. Набавката што ја изврши АД ЕЛЕМ во период од 18 часот вчера заклучно со 18 часот попладнево е по просечна цена од 101,43 евра за мегават час“.

Пресметката со која деновиве излезе Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија велат дека дополнителниот увоз на струја, тежи 300 илјади евра, пари што ќе ги платат граѓаните.

„Интервентната набавка на струја за само два дена ги чини граѓаните 300.000 евра. Да работеа сите три блокови на РЕК Битола граѓаните ќе имаа струја и немаше да биде потрошен ни денар од нивните пари. Набавена е струја по цена од 59.3 евра за мегават час! Тоа е 36 проценти повеќе од дозволената цена за увоз од Регулаторната комисија за енергетика во последната одлука (38 евра/МWh)“, велат од СДСМ.

Блокот 3 на РЕК Битола е се уште надвор од функција. Од ЕЛЕМ велат дека се работи интензивно на отстранување ан дефектот и се очекува одново да биде оперативен во најкус можен рок, односно за најдоцна 72 часа.

Арбана Ќерими

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР