ЕКСПЕРТИ: ПОТРЕБНИ СЕ ДЛАБОКИ РЕФОРМИ И ДЕПОЛИТИЗАЦИЈА ВО СУДСТВОТО

371
0
АКЦИЈА

Судството мора да најпосле да подлегне на длабоки реформи, а тој процес почнува со реизбор на судиите за да се стигне до пофункционален правен систем, предочува Александра Богдановска од Коалицијата која обединува граѓански организации под името „Сите за правично судење“. Според неа, судството се соочува со големи проблеми, а само еден показател е трендот на постојано откажување на седници.

Членот на Судскиот совет на Македонија, Влатко Самарџиски, вели дека во соработка со Министерството за правда и странски експерти, се прават напори за подобрување на квалитетот на судството.

Но директорката на Институтот за европска политика, Малинка Ристевска Јорданова, вели дека судството е под влијание на политиката, за што потврда се присслушуваните телефонски разговори објавени од опозицијата. Во нив се слуша за договарање, кадровски смени и меѓусебни услуги од лични и политички мотиви:

Со години судскиот систем во Македонија е предмет на остри критики, како од меѓународни организации така и од дел од домашната јавност. Во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија постојано се укажува на потребата од реформи во судството, а во последниот што го испорача Брисел забелешките се најостри, односно се вели дека судството во земјава назадува. Во документот се наведува и дека: „опструкциите кои му се прават на СЈО, покажуваат дека треба на поефикасен начин да се решат недостатоците со цел формирање независно судство и спречување на селективната правда.“

Арменд Мурсели

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР