НЕВЛАДИНИТЕ ПОД ЛУПА НА ДАНОЧНИЦИТЕ, УЈП „ЧЕШЛА“ ВО 20-ТИНА ОРАНИЗАЦИИ

1707
1
АКЦИЈА

УЈП во инспекциска контрола над невладините организации. Ќе се проверуваат финансиските извештаи на дваесетина невладини организации. Извршната директорка на Фондацијата Фани Каранфилова – Пановска вели дека организацијата работи транспарентно и нема што да сокрие, а надлежните институции имаат преглед на сите трансакции. Според неа оваа акција е со намера да се замолчи граѓанското движење во државата.

„Фондацијата работи согласно прописите на оваа држава, нашето сметководство има целосна евиденција на сите документи кои се транспарентни и отчетни. Ние апсолутно се чувствуваме повеќе од подготвени да ја пречекаме Управата за јавни приходи“, изјави Фани Каранфилова – Пановска.

 Освен Фондацијата, под лупа ќе биде ставена и работата на уште дваесетина граѓански здруженија. Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за Европско образование, вели дека од УЈП се јавиле во организацијата и побарале документи за сите приливи и одливи во тековната 2016-та година.

„Времето во кое се случува оваа финансиска контрола, под еден општ налог, без никакви детални објаснувања и се реализира селективно само за одредена група организации ни дава за право да го сфатиме како своевиден политички притисок“, вели Бојан Маричиќ од МЦЕО.

За Александар Пандов од ГДОМ, сосема е легитимна финансиската контрола врз организациите кои се финансираат од надвор, односно јавноста има право да знае од каде доаѓаат тие пари и за какви цели се трошат.

„Мислам дека треба да бидат под засилена контрола затоа што добиваат пари од странска организација и затоа што со тие пари се финансираат не само организации туку и луѓе кои имаат сериозно влијание врз јавното мнение “, смета Пандов.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во саботата во прогласот пред ДИК рече дека идната влада ќе донесе закон за невладините организации за како што рече „десоросоизација“. Од УЈП информираа дека акцијата е според законските прописи за  контрола  сите даночни обврзници без разлика на политичките текови во државата.

Габриела Димковиќ – Мишевска

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР