СТОЛТЕНБЕРГ ГО ПРЕДУПРЕДИ ТРАМП ДЕКА СЕГА НЕ Е ВРЕМЕ САД ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД НАТО

445
0
АКЦИЈА

Генералниот секретар на НАТО упати драматично предупредување до новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп: “Да си сам не е опција ниту за Европа, ниту за САД”.
Во статија за Observer шефот на западниот воен сојуз Јенс Столтенберг изјави дека Западот се соочува со најголемиот предизвик за неговата безбедност.

Тој остро потсети на пролеаната од сојузниците во НАТО крв откако се одвива помошта на САД по нападите на 11 септември 2001 година и предупредува дека наместо да се “продлабочуваат разликите” меѓу 28-те земји-членки, сега е време да се “образува нешто што не обединува” под “силно американско раководство”.

Во месеците пред да биде избран за претседател, Трамп го опиша НАТО како надминат и покрена прашања дали управувана од него Америка би дошла на помош на нападнат сојузник од Алијансата.
“Се соочуваме со најголемиот предизвик за нашата безбедност. Сега не е време да се става под прашање вредноста на партнерството меѓу Европа и САД “, истакнува Столтенберг

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР