ДИК ДО НЕДЕЛА ТРЕБА ДА ГИ ПОТВРДИ ЛИСТИТЕ: ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ ВО НАЈЖЕСТОКАТА БИТКА ВО 4 ИЕ

676
0
АКЦИЈА

Од синоќа на полноќ работите се појасни. Партиите обелоденија кои личности ќе бидат нивните главни асови во изборната битка. Најтесна трка се очекува во југоисточна Македонија – во 4-тата изборна единица каде се судираат лидерите на владеачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ Никола Груевски и Зоран Заев.

Но, и во шестата изборна единица, во Северозападна Македонија која ќе биде поле за битка меѓу лидерите на главните партии на Албанците во Македонија, Али Ахмети од владината ДУИ и Мендух Тачи од опозициската ДПА. Ова, според политичкиот аналитичар Соња Крамарска е нов момент, бидејќи како што нагласува,  светлата нема да бидат насочени кон главниот град туку кон 4-та изборна единица.

„Излегоа многу контраверзии во јавноста зошто двајцата лидери ја напуштија традицијата да се соочуваат во првата изборна единица во главниот град, туку одлучија главната битка да ја бијат некаде далеку од очите на Скопје. Претпоставувам дека Груевски отишол таму да се соочи со својот најлут политички ривал, Зоран Заев, претпоставувам дека Заев ќе рече дека тоа му е нему домашна изборна единица“, рече Крамарска.

Според Крамарска жестоко ќе биде и во изборната единица 1 во Скопје, а интересно во шестката, не само поради мерењето на силите меѓу  Ахмети и Тачи, како и на челните луѓе од помалите и новоформирани партии на Албанците, но и поради фактот што таму ќе се види резултатот од обидите на СДСМ да свтри гласови кон себе од албанскиот блок, настапувајќи со својот портпарол Петре Шилегов.  Но дали изборите на 11 декември, на кои се гледа како на тест за вољата на партиите и на гласачите за излегување од политичката криза во Македонија ќе го постигнат тој резултат?  Крамарска се сомнева дека ќе следи решение за кризата, бидејќи, како што вели причините за кризата  не се отстранети.

Инаку, Државната изборна комисија најдоцна до утре на полноќ треба да ги разгледа и да ги потврди листите за пратеници. Според портпаролот  Адмир Шабани, доколку има неправилности, партиите ќе имаат рок да ги исправат.

ДИК има рок од 48 часа од приемот на листата да ги разгледа и да одлучи, да ги потврди или пак доколку листите имаат недостатоци, да ги извести овластени претставници на подносителите на листи да ги отстранат недостатоците во рок од 24 часа“, рече Шабани.

Засега нема точен податок колку полицајци ќе се грижат за обезбедување на изборните митинзи, особено по почетокот на кампањата на 21 ноември и на самиот ден на гласањето. Од МВР велат дека сеуште се прават проценки.

Блерим Исмаили

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР