ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГИ ПРОМОВИРА КАНДИДАТИТЕ И ИЗБОРНИТЕ ЛИСТИ ВО „МЕТРОПОЛИС АРЕНА“

459
0
АКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ, која ја предводи Коалицијата за подобра Македонија, денеска попладне во „Метрополис арена“ на Скопскиот саем ќе ги промовира листите на кандидати за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 11 декември, дознава „Мета“.

ВМРО-ДПМНЕ синоќа, на околу еден час пред истекот на рокот ги достави пратеничките листи до ДИК, а лидерот на партијата.

„Како кандидат за премиер, го очекував во ИЕ1. Не дојде. Во 2014-та го немаше на ниту една листа. Сега ја одбра 4-тата изборна единица. Затоа јас решив да ја предводам изборната единица која тој ја одбра. Освен што цела Македонија ќе треба да се одлучи за премиер помеѓу нас двајцата, граѓаните во 4-ката ќе имаат можност и директно да одберат помеѓу мене и него. Време е, заедно со народот, да го соочам со реалноста и директно да го победам. После се’ што се случи, да го добие одговорот од народот за тоа што и го направи на Македонија“, напиша Груевски на „Фејсбук“, мислејќи на Зоран Заев.

Извор: Мета

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР