„КЛИК ПЛУС“ ДЕБАТА – БИЗНИСМЕН ИЛИ ПОЛИТИЧАР- КОЈА Е ПРЕДНОСТА НА ТРАМП ?

539
1
АКЦИЈА

„Да ја направиме Америка повторно голема“ и „Заедно сме посилни“ се слоганите за кои се смета дека му донесоа победа на Трамп, вели Андреја Стојковски од Македонскиот центар за европско образование. Тој додава дека во овие слогани поверувале најголем број од Американците кои немаат високо образование.

„За Трамп гласале белите мажи од сите генерации, особено оние кои немаат високо образование, гласале жените без високо обрзование. Ако видите каде Трамп има направено најмногу успеси – тоа е меѓу рурална и необразована Америка“,изјави Андреја Стојковски, Македонски центар за европско образование.

Според амбасадорот Ѓорѓи Филипов, победата на Трамп можеби се должи на евентуална одмазда од долгото владеење на демократите:

„Многу малку има неговиот план во 100 чекори скоро ништо нема за надворешната политика, особено за одбранбената политика. Иако тие напаѓаат, а ја викаат одбранбена политика како и за трговијата и за внатрешната политика“, изјави Ѓорѓи Филипов, амбасадор

Македонскиот бизнисмен, Трифун Костовски смета дека изборот на Трамп е очекуван и се должи на случувањата на светската политичката сцена, како и на авангардни сфаќања како тоа за црнец за претседател.

„Ако се види кој гласал за Трамп, ќе видите дека гласачи се обичната работничка класа,кои сфатиле, според мене дека бизнисмен е тој што дава работа, егзистенција и сигурност. До сега бизнисменот се перцепираше како близок на криминалот, во светот бизнисменот е носител на идеи кои треба да го водат човештвото. По изборот на Трамп, светот нема да биде ист како пред и по неговото доаѓање“, изјави Трифун Костовски претставник на Северо – атлансткиот совет на Македонија.

Соговорниците во дебатниот магазин „Клик плус“ се согласни дека најголем удел за победата на Трамп  има работничката класа која бара главно отворање нови работни места во САД. Трамп во кампањата вети дека во најкус рок ќе отвори барем 20 милиони нови работни места.

Александра Смилеска

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР