ФИНАНСИРАЊЕ НА ПАРТИИТЕ – ПЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА ОД ЛИЦЕ – ПЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА ОД КОМПАНИЈА

357
0
АКЦИЈА

Само десет дена до почетокот на изборната кампања. Политичките партии треба да отворат посебни сметки за донации од кои ќе ја финансираат изборната кампања. Поранешниот член на Комисијата за спречување на корупцијата, Драган Малиновски е песимист за регуларноста во процесот на финансирање на изборната кампања. Вели дека не им верува нити на институциите надлежни за надзор на финансирањето и трошењето на парите за време на изборната кампања.

Од Државниот завод за ревизија, велат дека доколку наидат на неправилности во финансирањето на кампањите на партиите, не можат да преземат ништо друго освен да ги пријават во Јавното обвинителство.

Слаѓана Тасева од Транспарентност Македонија, вели дека што се однесува на финансирањето на кампањите на политичките партии, на овие избори треба да има поголем надзор.

Според Изборниот законик во изборната кампања на партиите, треба да има транспарентност во листата на донатори. Вкупните трошоци на партиите не треба да надминуваат повеќе од 180 денари по гласач. Максималниот износ кој едно физичко лице може да го донира за една политичка партија е 5 илјади евра, додека пак компаниите до 50 илјади евра. Финансиските извештаи по изборите треба да бидат доставени до Државната комисија за спречување на корупција и до Државната изборна комисија. Откако Антикорупциската комисија ќе ги потврди извештаите за потрошеното на изборите, партии ќе ги добијат и законски предвидени 15 денари по гласач, доколку освоиле над 1,5 отсто од гласовите.

Бесиан Лека

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР