ТРАМП ГИ ОСТРАНИ ИЗЈАВИТЕ ЗА МУСЛИМАНИТЕ ОД СВОЈАТА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА

349
0
АКЦИЈА

Од официјалниот сајт на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, се отстранети неговите изјави за неговите планови на муслиманите да им се забрани влез во САД, пренесува денеска весникот „Индепендент“.

Страницата  на која се наоѓаа овие изјави беше видлива се до денот на изборите, 8 ноември, но веќе денеска кликот на оваа страница автоматски Ве префрла на страницата на која можете да донирате средства за кампањата на Трамп.

До ова промена дојде во текот на вечерта меѓу 8 и 9 ноември.

По терористичките напади во Париз од минатата година, Трамп повика на забрана за влез во земјата на сите муслимани, што предизвика низа негативни реакции.

Тој тогаш побара забрана се додека не се открие „што тоа, всушност, се случува“.

Весникот наведува дека ова не е првпат Трамп да отстрани нешто од својата официјална интернет страница и потсетува дека минатата година беше отстранета и биографијата на идната прва дама Меланија Трамп, по шпекулациите дека не завршила факултет.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР