ПАРТИЈАТА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – КОАЛИЦИРА СО СДСМ

678
0
АКЦИЈА

Партијата за европска иднина – ПЕИ ги информира медиумите а преку нив и своите членови, симпатизери и сите граѓани, на состанокот на Извршниот одбор одржан на 07.11.2016 год. во Скопје констатира дека е постигнат договор за предизборно коалицирање со СДСМ и останатите коалициони партнери. ПЕИ со свои членови ќе учествува на коалиционите листи за пратеници во следните Изборни единици:

Изборна единица “2” на позиција “15” кандидат за пратеник Сеадин Џафери, Претседател на Општинската Организација Скопје

Изборна единица “5” на позиција “8” кандидат за пратеник Алија Камбероски, Претседател на Општинската Организација Струга

Изборна единица “6” на позиција “17” кандидат за пратеник Абдија Мерсоски, Претседател на Општинската Организација Дебар

Согласно постигнатиот коалиционен договор Партијата за европска иднина – ПЕИ после победата на престојните парламентарните избори, ќе партиципира во Извршната власт и формирање на новиот Владиниот кабинет со именувани функционери од редовите на нашата партија и тоа во првиот, вториот и третиот ешалон.
Согласно Статутарните одредби сите одлуки од Коалициониот договор ќе бидат верификувани на Седница на Централниот одбор на ПЕИ кој ќе се одржи на ден 12.11.2016 год. сабота во Струга.
Партијата за европска иднина – ПЕИ подготвена како никогаш до сега ги повикува своите членови, симпатизери и поддржувачи на интензивни активности и посветеност во престојниот период и кампањата до конечна победа на предвремените парламентарни избори.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР