ДОНАЛД ТРАМП Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

370
0
АКЦИЈА

Доналд Трамп е новиот претседател на САД, одлучија гласачите на оваа досега најнеизвесна трка на претседателски избори во САД.

Трамп освои 276 гласа, од потребните 270 за победа. Неговата противкандидатка Хилари Клинтон има 218 гласа.

Републиканецот ги освои трите клучни таканаречени „свинг“ држави – Охајо, Северна Каролина и Флорида.

Кандидатот на Републиканската партија се обрати од својот изборен штаб во Њујорк изразувајќи благодарност за поддршката и довербата што ја добил.

Тој истакна дека кандидатот на демократите Хилари Клинтон му ја честитала победата.

– Таа имаше мошне добра кампања, бидејќи таа навистина се бореше. Таа работеше долго и напорно долг период и и должиме благодарност, додаде тој.

– Сега е време во САД, демократите, републиканците сите да се сплотиме како обединета нација. Му ветувам на секој граѓанин на нашата земја дека ќе бидам претседател на сите Американци, тоа ми е мошне важно, рече Трамп.

– На оние кои избраа да не ме поддржуваат им пружам рака и барам насока и помош за да можеме заедно да ја обединиме нашата сјајна земја, рече новиот претседател на САД.

Тој кампањата ја оцени како неверојатен потег на милиони мажи и жени, кои ја сакаат оваа земја и нејзината светла иднина.

– Ова е движење на сите Американци од сите раси и вери и кои очекуваат нашата влада да му служи на народот и тоа ќе го сториме, ќе работиме заедно за одржување на американскиот сон, нагласи Трамп.

Тој истакна дека постои голем потенцијал во САД и вети дека секој Амриканец ќе има можност да го оствари својот потенцијал.

Трамп вети обнова, изградба на училишта, болници, тунели. подобра инфраструктура. Тој вети и проекти за национално закрепнување.

– Ќе го удвоиме растот и ќе имаме најсилна економија, ќе се согласуваме со сите нации, кои сакаат да се согласуваат со нас. Ќе бараме заеднички јазик, а не непријателство, ќе бараме партнерство, а не судири во односите со другите земји, порача новиот американски претсесдател.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР