„МЕТЈУ“ ОСТАВИ ХАОС ЗАД СЕБЕ – БРОЈОТ НА ЖРТВИ ДОСТИГНА 877 ЛИЦА

399
0
АКЦИЈА

Бројот на загинати на Хаити при налетот на ураганот Метју достигна 877 лица, додека десетици илјади луѓе останаа без покрив над главата. Најновите податоци за бројот на загинати пристигна  откако се прибрани информациите од областите кои беа отсечени поради ураганот, а каде загинале најмалку 175 лица. Силниот ураган во бранови ги погоди неразвиените села, со кои дури сега е воспоставен контакт. Во меѓувреме, ураганот Метју ослабна до бура од втора категорија, информираат од Националниот центар за урагани на САД. Брзината на ветровите се намали до 175 км на час. Метју се движи со брзина од 19 километри на час и се уште е над југоисточниот дел на САД. Од средата откажани се околу 5.000 летови во југоисточниот дел на САД.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР