ДУРИ 94% ОД СТУДЕНТИТЕ СЕ ИЗЈАСНИЛЕ ДЕКА НЕ САКААТ СПКУМ ДА ОСТАНЕ НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА

392
0
АКЦИЈА

Дури 94 отсто од студентите кои гласале на првиот студентски референдум, организиран од Студентски пленум, се изјасниле дека не сакаат Студентскиот парламент да остане невладина организација.

Се гласало на  21 факултет, а изборите  поминале генерално мирно со одредени притисоци од членови на Студентскиот парламент.

„ На прашањето дали СПУКМ да остане невладина организација, со „не“ одговорија 2.615 студенти, со „да“ одговорија 137 студенти, а неважечки ливчиња имаше 15. Вчера студентите одржаа час по демократија, вчера студентите покажаа како треба да изгледаа едни студентски избори, вчера студентите им порачаа на СПУКМ ние сме вашиот крај“, изјави  Деа Здравковска од „Студентски пленум“.

В среда,  на платото на УКИМ ќе се одржи генерален пленум каде што ќе се договараат идните чекори.

„Следен чекор е одлуката на сенатот. Се формираше Комисија на крајот на јули во која учествуваа и „Студентски пленум“ и Студентскиот парламент“, рече Горан Таневски од „Студентски пленум“.

Арменд Мурсели

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР