СОПСТВЕНИЧКАТА НА МИТ УНИВЕРЗИТЕТ: ВЛАСТА СЕ ОДМАЗДУВА ЗА КРИТИКИТЕ КОН НЕА

378
0
АКЦИЈА

Сопственичката на универзитетот МИТ, Билјана Апостолова за 24 Вести вели дека се работи за политички монтиран случај и хајка против неа и МИТ Универзитетот за да ја замолчат, поради нејзините јавно упатени критики кон власта.

„И да ме затворат, нема да ме замолчат“, вели Апосотолова и додаде дека МИТ Универзитет продолжува со работа.

Акцијата била по наредба на Основното јавно обвинителство. Инспектори од МВР, од Управата за Јавни Приходи и од Министерството за образование, во придружба на наоружани полицајци ја проверуваа целокупната документација на универзитетот.

Основното обвинителство соопшти дека Јавен обвинител дал наредба полиција да изврши претрес на повеќе објекти кои им припаѓаат на „МИТ“ универзитетот. Оттаму велат дека се вршат претреси со цел да се прибават документи и други предмети што би се користеле како докази во кривична постпка.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР