ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО НА БОГОЕВСКИ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ЈА УТВРДИЛO ШТЕТАТА

850
0
АКЦИЈА

Судењето на активистот на Шарената револуција, Павле Богоевски е одложено за 14 ноември поради технички пропуст во обвинителниот акт. Треба да се сослуша техничко лице од Министерството за култура за материјалната штета.

„Да, бев дел од групата којашто Зврлевски дрско ја нарекува толпа и не, не признавам вина за моето сторено поведение. По дефиниција, вина е општествен прекор.  Ќе прифатиме одговорност за своите постапки, но само кога Груевски и другите инкриминирано во објавените разговори ќе прифатат одговорност во судницата до мојата“, изјави Павле Богоевски

активист на „шарената револуција“.

Адвокатот на Богоевски, Сашо Дуковски рече дека без утврдување на висината на штетата не може да се покрене обвинение и да се води постапка за кривично дело.

„Ние имаме предложено 3 сведоци очевидци кои што ќе помогнат за вистинската фактичка состојба што навистина се случило во моментот кога се случило кривичното дело“, изјави Сашо Дуковски Адвокат.

Десетици активисти од Шарената револуција се појавија пред основниот суд со транспаренти за да му дадат поддршка на активистот со порака дека и тие се учесници во толпа, дело за кое се товари Богоевски.

„Постапката за време на протестите која ја направи Павле, во овие услови во која се наоѓа државата ја поддржувам. Можеби во некое ошштество би значело вандализам. Меѓутоа покрај државното насилство, отпорот е задолжителен од граѓаните“, изјави Зоран Ивановски активист.

„ Но, се додека оваа држава има селективна правда и се додека одговараат оние кои се сметаат за неподобни од страна на институциите на овој систем, а оние кои знаеме дека извршиле криминал и многу потешки дела стојат и се движат слободно, без било какви реперкусии, ќе имаме нееднаквост и селективност“, изјави Дона Костуранова активистка.

Судски процес, за учество во топла за време на протестите на „Шарена револуција“ се води и против Здравко Савески, Владимир Куновски и Мариглен Демири од „Левица“.

Арбана Ќерими

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР