ПРВ СТУДЕНТСКИ РЕФЕРЕНДУМ НА УКИМ – СУДБИНАТА НА СТУДЕНТСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО РАЦЕТЕ НА СТУДЕНТИТЕ

623
0
АКЦИЈА

Студентскиот пленум денеска за прв пат организираше референдум, кој се одржа на 20 факултети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Студентите на УКИМ, преку тајно гласање имаа можност да се изјаснат за тоа какво студентско организирање сакаат и дали Студентскиот парламент треба да биде дел од УКИМ или пак да остане невладина организација. Студентите со различни ставови за иднината на оваа институција.

Студентскиот пленум, предлага Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, да стане орган во рамките на Универзитетот и на тој начин да биде зголемена контролата за парите што оваа организација ги троши и да има надзор врз тоа како се одвиваат студентските избори.

Членовите на Студентскиот пленум очекуваат поддршка и од сенаторите. По завршувањето на референдумот и броењето на гласовите, тие ќе одржат состанок со сите студенти и ќе одлучат за следните чекори.  На студентските избори на 30-ти јуни, Студентскиот пленум констатираше дека имало прекршувања на правата на студентите и дека се лажираат изборите за избор на претседател на Студентскиот парламент. По реакцијата на Студентскиот пленум за спречување на оваа појава, интервенираа специјалните полициски сили, кои ги отстранија студентите.

Арменд Мурсели

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР