БОГОЕВСКИ ВЛЕЗЕ ВО КРИВИЧЕН, „ШАРЕНИТЕ“ СО ТРАНСПАРЕНТИ ЗА ПОДДРШКА

403
0
АКЦИЈА

Со транспаренти„ОЈО – шуто, а сака да боде“, „Зарем Пајо?“ „Еден за сите, сите за еден“,  „Сваровски не може да суди скапоцен камен“, „#ПајоНеГоДаваме“, , активистите на „Шарена револуција“ дојдоа пред Кривичен суд да му дадат поддршка нивниот соборец Павле Богоевски.

Тој веќе  влезе во Основниот суд Скопје 1, а Основното јавно обвинителство го обвини за учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

„Павле ќе може да го судите само кога Груевски ќе седи на обвинителната клупа во соседната судница, пред навистина независен и непристрасен Суд! До тогаш, ако НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!“, соопштија пред собирот од Шарената револуција.

Пред судот можат да се забележат активисти од Шарената револуција, новинари, членови од разни политички партии, спортисти, адвокати, уметници.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР