СТУДЕНТИТЕ ЌЕ ГЛАСААТ НА РЕФЕРЕНДУМ – ДАЛИ СПУКМ ТРЕБА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД УКИМ?!

468
0
АКЦИЈА

Студентски пленум денеска од 9 до 17 часот,  организира референдум на кои студентите ќе треба да се изјаснат какво студентско организирање сакаат.

Ќе се одговара на прашањето дали сте „за“ или „против“, Студентскиот парламент да биде дел УКИМ.

Референдумот е иницијатива на Студентскиот пленум. Оттаму велат дека причина за вакво нешто е контрола врз работата на Студентскиот парламент.

Од друга страна пак, од Студентскиот парламент велат дека се против оваа иницијатива бидејќи, според нив, на овој начин ќе се загуби автономијата на студентите.

„Она за што моментално се залага Студентскиот пленум е да се изгуби автономијата на студентското организирање, така да ние сме против оваа иницијатива и која нема да помине. Оние кои ја бранеа автономијата на УКИМ, денеска се залагаат студентите да ја изгубат својата автономија и самоорганизирање која е уредена со законот на РМ”, изјави Давор Поповски, претседател на Студентски парламент.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР