„10 МИНУТИ“ СО ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ: СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ОД „ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА“ ЌЕ ИМА КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИК

650
1
АКЦИЈА

Се уште нема никаков договор јас да бидам на листата за пратеници на опозициската СДСМ, изјави Павле Богоевски, активист кој е еден од членовите на „Шарена револуција“ и активно учествуваше во протестите против владејачката партија. Според него, нема потреба од трета опција бидејќи во опозицијата се вклучени голем број на граѓански организации кои се против ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас најискрено се надевам дека некој од членовите не само на „Шарена револуција“ туку и на граѓанскиот сектор,  ќе се најде на тие листи. Но, тоа не  би биле листи на СДСМ, туку би биле листи на здружен фронт против режимот. Истото се однесува и на листите на оние политички субјекти кои ќе настапат независно од широкиот фронт кој го предводи СДСМ , се надевам дека ќе има луѓе кои протестираа по улиците а ќе бидат предложени од „Левица“ , се надевам дека на списокот ќе има луѓе предложени од десните партии.“, изјави Павле Богоевски.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР