ЛДП: ЖАЛИМЕ ШТО ВЛАСТА НЕ ГО ПОДДРЖА СЈО И ГО ШТИТИ КРИМИНАЛОТ

391
0
АКЦИЈА

Не можеме да најдеме оправдување зошто поединци или политичка партија би биле против измените кои ги бараше ова обвинителство, освен тоа дека целта им била да го заштитат и прикријат криминалот, корупцијата и изборните фалсификати.  Новата влада по 11 декември, ќе ги поддржи измените кои ги побара СЈО, со што со самото продолжување на рокот од 18 месеци за отворање постапки, СЈО ќе добие можност докрај да ги истражи предметите што се или допрва ќе се формираат од прислушуваните материјали. Ќе ги прифатиме и измените за заштитени сведоци, со што нема да оставиме простор засегнатите да вршат притисок и репресија врз сведоците. Мора еднаш засекогаш да расчистиме со политичарите кои политичката функција ја гледаат единствено како можност за лично богатење, стекнување моќ и влијание“, велат од ЛДП.

„Сите оние кои го прекршиле законот мора да одговараат и од тоа бегање нема. Секој оној кој ќе се стави во одбрана на криминалот, по дефиниција станува негов соучесник. Затоа новата власт ќе ги спроведува и практикува правдата и правото поеднакво за сите“, порачува ЛДП.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР