БАРАЊАТА НА ЈАНЕВА НЕ ПОМИНАА ВО СОБРАНИЕТО

349
0
АКЦИЈА

Предлог измени на законите по скратена постапка за Специјалното јавно обвинителство и за заштита на сведоци не поминаа во Собранието.

Со 52 гласа против и 42 гласа за, владејачкото мнозинство ги оспори измените за заштитени сведоци кои беа побарани од Специјалната јавна обвинителка Јанева.

Претходно, со 36 гласа за и 54 гласа против, тие ги оспорија и измените на законот за СЈО.

Според Петре Шилегов од СДСМ, кој ги образложуваше барањата за измените во законите, власта не сака да се донесат овие измени.

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да се дознае кој го вршел незаконското прислушување во Македонија“, изјави  Шилегов.

Обвинителката Катица Јанева неколку пати досега побара од пратениците да изгласаат промени на Законот за заштита на сведоци, за СЈО да може да навлезе во сржта на предметите „Нешковски“, „Монструм“ и „Сопот“.

Иницијативата за измени на законите таа ги достави во Собранието уште во април. Станува збор за измени со кои се бара продолжување на рокот за работа на СЈО, односно на рокот од 18 месеци за поведување на предистражна и истражна постапка, како и измени на законот за заштитетни сведоци со кои се овоможува на јавните обвинителства самостојно да можат да предложат и да преземат мерки за заштита на сведоци а во тоа да не бидат вклучени премногу институции со кои се оневоможува вистинска заштита.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР