„ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА“ ПОВИКА НА СОБИР ПРЕД КРИВЕЧЕН, ЗА ПОДДРШКА НА БОГОЕВСКИ

217
0
АКЦИЈА

„Шарената револуција“ повика на собир, утре пред Кривичен суд, за поддршка на еден од нивните најистакнати активисти, Павле Богоевски.

„Продолжуваат притисоците врз луѓето кои секојдневно протестираа и протестираат против овој режим. Продолжуваат да се судат граѓани кои ја критикуваат власта додека криминалците шетаат слободно, уништуваат докази и траги од веќе сторени и вршат нови кримични дела! Обвинителството на Зврлевски го товари Павле за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Оваа, прва кривична пријава за боењето на симболите на криминалниот режим во Скопје е уште еден обид за обвинителството и судството од тефтерот на Горде да делат селективна правда. Павле ќе може да го судите само кога Груевски ќе седи на обвинителната клупа во соседната судница, пред навистина независен и непристрасен Суд!“, пишуваат aктивистите од „Шарената револуција“.

@Обвинителството на Зврлевски ме товари за Учество во толпа што ќе изврши кривично дело (чл. 385 КЗ на РМ). За ова дело следува парична казна или казна затвор до три години. Сакам да му скратам време на обвинителството и трошоци на државава и да им кажам: ДА, јас бев на протестот на 18-ти април и бев дел од групата која Зврлевски ја нарекува „толпа“ (јас ги нарекувам соборци и соборки ). НЕ, не признавам вина за делото за кое ме товарат. Не може системот кој дозволува Груевски и неговото здружение десет години да ја силуваат државата, одеднаш да одлучи да доделува правда за тие кои протестираат против тоа (и благодарение на кои, Груевски и останатите сега се обвинети и осомничени, а не аболицирани лица), изјави пред некој ден Богоевски.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР