НВО И ЕКСПЕРТИ ВО ПОДДРШКА НА СЈО – ДА СЕ ВРАТИ ПРАВДАТА ВО МАКЕДОНИЈА

614
0
АКЦИЈА

Специјалното јавно обвинителство, ги презема основните чекори за враќање на правдата во земјава, бидејќи Македонија е далеку од владеењето на правото, вели Малинка Ристевска – Јорданова, директорка на Институтот за европска политика. Според неа, СЈО треба да има широка поддршка.

 Независноста на судството и политизиран правен систем се главните проблеми поради кои во Македонија нема владеење на правото, потенцира директорката на Институтот за Европска политика.

Осман Кадриу, експерт по уставно право, вели дека со покренувањето на двете обвиненија, СЈО покажало дека е посветено на спроведување на надлежностите кои ги има.

Инаку, според договорот од Пржино, постигнат на 20 јули, на Специјалното обвинителство треба да му се обезбеди непречена работа, без политички притисок. Во договорот потпишан од четирите најголеми партии, пишува дека треба да се зачува ефикасноста на ова обвинителство. Американската амбасада и ЕУ исто така повикаа да се овозможат услови за непречена работа на СЈО.

 

Арменд Мурсели

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР