ЕКСПЕРТИ ЗА МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ – ВО ЗАЛОЖНИШТВО Е ИНТЕГРАЦИЈАТА ВО ЕУ

404
0
АКЦИЈА

 “Македонија на меѓународен план е многу далеку, ако ја имаме предвид внатрешната состојба која се повеќе се влошува, вели директорката на Институтот за европска политика, Малинка Ристевска – Јорданова. Според неа, ако нема измени во внатрешната политика, земјата ќе ја ослабне нејзината позиција на меѓународен план.

Политичкиот аналитичар, Мерсел Биљали смета дека Македонија не може да ја оправда својата независност, бидејќи според него не се покажала имуна кон сите фактори. Според него, Македонија заостанала поради недостаток на политичка совест и култура.

Експертите велат дека за деблокира евроатланскиот процес, Македонија треба да го реши спорот за името со Грција, како и да ги спроведе потребните реформи.  Македонија и понатаму има условна препорака за отпочнување преговори со ЕУ. Во последниот извештај на ЕУ се евидентирани забелешки за политичката криза, недостатокот на политички дијалог, аферата со прислушувањето, проблемите со медиумите, судството и корупцијата.

Арменд Мурсели

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР