СЈО бара притвор и за Тони Јакимовски, обвинет во Тврдина и Таргет

689
0
АКЦИЈА

Пред апелационите судии е и жалбата за неопределениот притвор за Тони Јакимовски, исто така обвинет во предметот Тврдина и Таргет. Се товари за злоупотреба на службената положба, и фалсификување на службена исправа и кривичен совет од првостепениот суд наместо бараниот притвор, му определил поблаги мерки односно јавување во суд.
СЈО смета дека поради тоа што Јакимовски работи во моментов во Романија, постои опасност за бегство особено што истиот се товари за тешко кривично дело, со кое се направени и големи штети по државниот буџет. Обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска рече дека поради опасноста од бегство неопходно е да се определи притвор за обвинетиот.
СЈО тврди дека во конкретниот случај, Јакимовски како одговорен за координација во УБК во периодот кога е извршено кривичното дело дава можност за влијание врз сведоците во постапката. Одбраната преку адвокатот Петар Василев рече дека не постои опасност од бегство воопшто. Вештачењето во однос на причинетата штета е направена спротивно на ЗКП рече тој. Тони Јакимовски во своја одбрана рече дека редовно соработувал си СЈО, а неточно е дека можел да влијае врз сведоци.
Михајло Видимлиски

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР