СЈО бара притвор за обвинетите во Тврдина и Таргет

1374
0
АКЦИЈА

Пред апелационите судии е и жалбата на СЈО за неопределениот притвор за Никола Бошковски, вработен во УБК а обвинет во споениот предмет Тврдина и Таргет.
Обвинет е за злоупотреба на службената положба и фалсификување службена исправа. Кривичен совет за него определи мерки на претпазливост, односно му го одзеде пасошот. И тој се жали пред Апелација за оваа мерка. СЈО смета дека и тој може да влијае на сведоци, одбраната тврди дека нема докази за такво нешто. СЈО бара преиначување на одлуката на првостепениот суд и бара да му се определи притвор. Обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска рече дека постои опасност од бегство и можност за влијание на сведоците.
Му се става на товар тешко кривично дело и се уште работи во УБК, рече таа и додаде дека во текот на постапката редовно влијаел на сведоците. И обвинителот Трајче Пеливанов рече дека голема е можноста за цлијание на обвинетиот врз сведоците кои се вработрни во УБК. Имал и претходно влијание на сведоци во други постапки. Неговата одбрана тврди дека се работи за неовластен тужител, односно дека СЈО е ненадлежно да постапува.
Адвокатот Петар Василев, рече дека нема докази за опасност од бегство. Тој тврди дека предметот Таргет незаконски е споен со предметот Тврдина. Не постои ниту можност за влијание врз сведоци и жалбата на одбраната треба да биде усвоена рече адвокатот Василев.
Михајло Видимлиски

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР