СЈО бара алтернативен влез во Телеком – Неделава ќе се сретнат со претставници од Германија

1212
0
АКЦИЈА

Специјалното јавно обвинителство во текот на следната недела ќе има средба со членови на одборот на директори на Македонски Телеком од Германија. Информацијата за ТВ 21 ја потврдија од СЈО, од каде не ги откриваат луѓето со кои ќе се сретнат, но состанокот, велат ќе се оддржи пред претстојните празници. Средбата на барање на СЈО следува откако во вода пропадна и четвртиот обид преку судски налог да добие можност за претрес во Македонски Телеком во рамки на две истраги.Адвокатот Звонко Давидовиќ смета дека од заеднички интерес е да се знае кои граѓани се прислушувани и дали за тоа имало судска наредба.

„На тој начин еднаш засекогаш, би ја откриле вистината кој прислушувал. Дали е тоа УБК, дали е со судска наредба или без судска наредба, и дали по завршување на судските наредби траело прислушувањето, што е многу битно, за да може да се преземат мерки никогаш тоа да не се повтори“, изјави Звонко Давидовиќ – адвокат.

Според поранешниот државен јавен обвинител, Јован Трпеновски, СЈО мора да најде алтернативен начин да влезе во операторот, бидејќи не може да обезбеди судска наредба.

„Со ова кое што сега СЈО го прави, обезбедува доказ за постоење на основано сомнение од каде се вршело прислушувањето, кои биле тие кои се директни учесници во прислушувањето и кои биле тие кои што дале налог. Од тоа зависи и определувањето на СЈО во кој правец и кон кого ќе ја насочи постапката“, изјави Јован Трпеновски – поранешен државен јавен обвинител.

Според доказниот материјал кој се наоѓа во рацете на обвинителите од СЈО во период од 2008 2015 година незаконски биле следени повеќе од 4200 телефонски броеви, за кои немало судски наредби, додека пак 1500 биле прислушувани откако завршила судската наредба.

Антонио Крстевски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР