Струмица ќе добие контејнери за стаклен отпад

350
0
АКЦИЈА

Во Струмица од утре ќе почне поставувањето контејнери за стаклен отпад.

– Од „Комуналец“ информираа дека ќе бидат поставени вкупно 15 контејнери на 15 локации, односно, пред ресторани и хотели, каде што и најмногу го има отпадот од стакло, се вели во писмената информација од општината.

Целта на поставувањето на ваквите контејнери е да се намали стаклениот отпад на депонијата.

Акцијата се спроведува во заедничка соработка меѓу јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и фирмата „Пакомак“ од Скопје, одговорна за отпад од пакување.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР