Седум години затвор за убиецот на командант „Шќипоња”, роднините на убиениот незадоволни

524
0
АКЦИЈА

Основниот Суд во Куманово го осуди на седум години затвор Шабан Лимани за убиство на Џемаил Реџепи, познат како командант Шќипоња. Вториот осомничен, Амир Љатифи, е осуден со три месечна казна затвор за нанесување повреди на две лица во вооружената пресметка која се случи пред две години во Куманово. По оваа одлука на судот, реагираа семејствата, нагласувајќи дека судот по втор пат го убива командант „Шќипоња“.

 „Што може да се очекува од еден обвинител, кој од партиски активист станал обвинител и треба да носи правични одлуки. Јас не очекував ваква неправда. Ние се ќе направиме, ќе ја испратиме одлуката и до Апелационен суд, и ќе покренеме постапка и против обвинителот на оваа постапка. Доколку се разбира и тие не се политизирани како овие овде”, рече Љуљзим Алити, роднина на убиениот.

Аднан Ќаиљи

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР