СДСМ и ДУИ ги почнаа преговорите за влада – Прво клучните точки, па избор на министри

490
0
АКЦИЈА

Ништо конкретно од првата средба меѓу Ахмети и Заев, по официјалното добивање на мандатот. По двочасовните разговори, Ахмети си замина од седиштето на СДСМ без да даде изјава за медиуми.

Во соопштението на СДСМ се вели Во периодот што следи ќе се интензивираат разговорите меѓу двете партии, како и партиите кои дадоа поддршка за новата влада на РМ, за потоа да се премине кон конкретен избор на позициите и министерските места“.

Портпаролот на партијата, Петре Шилегов, инсистира дека поделбата на ресорите не е поважна од враќањето во функција на државата.

Вчера, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека очекува разговорите брзо да завршат. Веднаш по добивањето на мандатот, најавите од парламентарното мнозинство беа дека преговорите ќе завршат за десетина дена.

Фуркан Салиу

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР