СВР Тетово апелира да не се пука од огнено оружје на свадби и прослави

338
0
АКЦИЈА

Веќe започнаа, а до крајот на овој и  наредните два-три месеци, на поширокото полошко подрачје ќе бидат организирани голем број свадбени и други свечености.Ваквите свечености минатите години, повеќе или помалку, покрај другото, се карактеризираа  и со повремени нарушувања на јавниот ред и мир, најчесто со пукање од огнено оружје или  неовластено приредување огномети, односно употреба на разновидни пиротехнички средства, апелираат од СВР Тетово.

„Навреме да се превенираат и ефикасно да се пресретнат овие појави,  Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со пиштоли или друго оружје, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат задолжителна свадбена содржина на ова подрачје. Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир , а глобата за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра.Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело,  за кое е предвидена и затворска казна од една до пет, односно десет години. На граѓаните, исто така, им се укажува дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија.И не само тоа, туку нивните  организатори навреме да ги спроведат  пропишаните превентивни мерки. Истото се однесува и за други свечености кои ќе се организираат по различни поводи. Секторот за внатрешни работи Тетово  во месеците кои претстојат, во значителна мерка ќе ги засили контролните активности на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир и конкретно и ефикасно ќе постапува“, се наведува во соопштението.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР