Османи и Димитров во Брисел, на средба со Советот за стабилност и асоцијација

354
0
АКЦИЈА

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре ќе претседава со тринаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација.

Покрај Димитров  на овој состанок ќе присуствува и заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи, а ко-претседавач ќе биде високата претставничка и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини.

Вицепремиерот Османи на состанокот се очекува да го образложи Планот 3-6-9, неговата содржина, имплементација и очекуваните ефекти, како и да ги повтори заложбите на Република Македонија за затворање на сите отворени политички прашања и отстранување на сите пречки за реактивирање на евро-интегративните процеси.

Зимер Јашари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР