НВО бараат да престане политичкиот прогон врз нив и институциите да преземат одговорност

42
0
АКЦИЈА

Уште во декември започнаа првите организирани контроли врз нашите организации од страна на повеќе институции. Во истиот период тогашната владеачка партија ВМРО ДПМНЕ јавно повика на прогон врз граѓанските организации, што дава причина да веруваме дека овие контроли не се рутински туку наменски и со цел да наштетат на нашите организации. Иако институциите имаат право да вршат контроли, начинот на кој течат наведува дека ова не се редовни професионални проверки туку станува збор за користење на институциите за политички притисок. Неколку примери за ова: во налозите  за контролите нема објаснување што и зошто се контролира; ние сме приморани да даваме информации без да знаеме во кое својство го правиме тоа; налозите се издаваат од институциите во исти денови за различни организации. Шест различни институции вршат неоснована контрола: Управата за јавни приходи, Финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи на барање на Јавното обвинителство, а имаме информации дека Агенцијата за финансиско разузнавање и Државната комисија за спречување корупција имаат преземено акции.

Затоа бараме од новата власт и институциите овој притисок на коj неправедно и намерно се изложени нашите организации да запре веднаш.

Во оваа прилика сакаме да истакнеме дека сме загрижени од новата информација дека актуелната Влада доделила 800.000 евра за граѓански организации и бараме поништување на таа одлука. Техничката влада во заминување нема морално право и мандат да носи вакви одлуки. Намерата е очигледна, затоа што повикот беше отворен среде политички прогон врз невладините, а истовремено истата влада сака да додели фонд повисок од било кој што го одвојувала за невладини организации. Додека минатата година се потпишувале договори до 5.000 евра сега се покачени до 50.000 евра. Поради сите овие причини бараме оваа одлука за доделување на јавните средства да биде ревидирана во најбрз можен рок.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР