Мијалков дојде во Апелација, си го бара пасошот назад

1005
0
АКЦИЈА

Екс првиот човек на УБК, Сашо Мијалков се појави во скопскот апелационен суд. Пред кривчен Совет се најде и жалбата на СЈО за неопределениот притвор за него, а и тој се жали заради определените мерки.

Обвинет е за три кривични дела во сличајот Тврдина и Таргет. Обвинителката Ленче Ристоска, рече дека постои опасност ос бегство бидејќи обвинетиот поседува стан во странство, поточно во Прага, Чешка. Одбраната на Мијалков, адвокатот Љупчо Шврговски тврдеше дека СЈО ги изместува податоците на Мијалков и не постои опасност од бегство.

Адвокатот Миле Петровски рече дека неосновано е барањето за притвор, зошто Мијалков најбргу кога можел одговарал на повиците на СЈО. Неговата одбрана бара да се укине определената мерка за притвор. Мијалков пред апелационите судии рече дека кога бил во странство порано се враќал за да пристигне на време на поканите на СЈО. На секој повик од судот ќе бидам присутен, рече тој.

Обвинителот Трајче Пеливанов возврати дека имаат отежната комуникација со обвинетиот, бидејќи имаат неточна негова адреса.

Михајло Видимлиски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР