Македонски државјани заглавени во Грција: Ние сме на милост и немилост!

7849
0
АКЦИЈА

Дожд и силен ветар го зафатија северниот дел од Грција и предизвикаа големи проблеми за туристите, а одделни места се погодени и од поплави.

Грчки медиуми објавија инсерти од поројни дождови, што ги зафатија меѓу останатите и Лепотокарија, Парајлија, Неа Врасна, Парга, Ханиоти, Пефкохори, Трикали и Торони. Многу македонски државјани имаат проблем со невремето, а слични временски услови се очекуваат и во текот на утрешниот ден.

„Пријатели, ситуацијата е следна. Ние сме на милост и немилост над селото Каламитци. Колата ја исптразнивме од вода ама немаме светла да патуваме далеку. Дали некој од вас може да ни понуди сместување барем за вечерва со оглед дека Сарти и Торони се поплавени?“, се вели во „Фејсбук“ статусот на Христена Антовска Јованчева.

status

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР