Концерт на Tрпчески и Aшкенази, в недела свечено отворање на Mакедонската филхармонија

369
0
АКЦИЈА

Со концерт на дела од Чајковски и Прокопиев, а под диригентската палка на светски познатиот Владимир Ашкенази од Русија и маестро Симон Трпчески, во недела ќе биде свечено отворена новата концертна сала на Македонската филхармонија.

По осум години градење, конечно новата зграда на филхармонијата го доби својот посакуван облик. Македонската филхармонија, која е најстара институција од областа на музичко-сценската дејност во Република Македонија, новиот објект го добива по 73 години од постоењето. Новиот објект на Македонската филхармонија се протега на површина од 12.400 метри квадратни.

Располага со две сали, голема сала со капацитет 1.000 места и мала, повеќенаменска сала со капацитет од 310 места од кои 168 се фиксни седишта, 110 се телескопски и 32 се мобилни седишта. Изградбата на новиот објект чинеше околу 37 милиони евра.

„Едноставно, ова е објект што нашата држава го заслужува. Од една страна публиката, затоа што има многу луѓе кои ја сакаат музиката. Се разбира, најсреќни ќе бидат филхармоничарите, кои ќе добијат свој втор дом“, изјави Трпчески.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР