„Идризово“ ги затвори вратите за Омбудсманот – Мемети: Управата не ми дава досиејa

468
0
АКЦИЈА

Нема детални информации за операцијата на затвореничката која се оперираше кон крајот на месец јануари. Единствената документација е лекарскиот извештај дека имала чир, добиен како а резултат на лошата исхрана во Казнено поправната установа „Идризово“. Народниот правобранител обвинува дека управата на затворот не му дозволила пристап до досието на оваа затвореничка.

Како што вели Мемети, се соочуваат со опструкции во обидот да обезбедат докази за 50 годишната затвореничка од Радовиш.

„Од затворот Идризово, за случајот каде беше потребна медицинска помош, не ни ги доставуваат доказите, односно лекарската документација за конкретната личност. Ова е ужасно! За првпат од формирањето на оваа институција, се случува еден директор на затвор да го одбие барањето на Народниот правобранител да му достави докази“, изјави Иџет Мемети.

Хирургот Огнен Костовски на 27 јануари оваа година, на дигестивна хирургија ја примил 50 годишната затвореничка и вели дека по неколкудневниот медицински третман, таа се вратила во затворот. Од Јавното Обвинителство истакнаа дека истражните постапки за болни или починати затвореници, бавно одат.

За случајот со смртта на затвореникот Андриас Реџепов, од обвинителството велат дека го чекаат извештајот извршената обдукција.

Неколку дена по погребот на 21 годишното момче, семејството Реџепови не добиле официјален одговор за причините за смртта на нивниот син.

Од управата за извршување на санкции велат дека изјавите на народниот правобранител се тенденциозни.

 “Тврдењата и обвиненијата за смртта на 4 лица, во временски период од 3 месеци во 2017 година (Р.С.-1960,A.M-1943,M.С-1968,A.Р-1996) од вкупниот број од 1800 затвореници, е голем. Пред се, треба да се земаат во предвид податоците дека во овој затвор се регистрирани 450 затвореници, лица зависници на дрога, 500 лица со различни болести, како што се: психички болни, со кардиоваскуларна болест, рак, хепатит, туберкулоза и пост инфарктна состојба“,соопштија од управата за извршување на санкции  – Идризово.

Според оваа управа, во текот на 2016 во затворот во Идризово починале 6 затвореници, а најмногу смртни случаи беа забележани од месец декември до месец март.

Аднан Ќаили

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР