Започнаа преговорите за влада – ДУИ амбициозни, се чека „амин“ од Ахмети

918
0
АКЦИЈА

 

Како што дознава ТВ21, Радмила Шеќеринска, Драган Тевдовски, Оливер Спасовски, Мила Царовска, Љупчо Николовски и Едмонд Адеми, се имињата кои се речиси потврдени за идниот кабинет на Зоран Заев.

Првиот состанок во улога на мандатар, Зоран Зев денеска  го имаше со Али Ахмети, лидерот на ДУИ. Во новиот владин кабинет се очекува да има 15 нови работни позиции, плус три дополнителни министерски места без ресор.

Во кампусот на ДУИ  многу функционери имаат амбиции за министерски позиции,  а како што дознава ТВ21 – еден поранешен владин функционер и неколкумина од ветераните на ОНА го бараат го бараат својот дел.

Во СДСМ, пак, речиси е потврдено дека Радмила Шеќеринска ќе биде министер за одбрана. За секторот за финансии главен фаворит и понатаму е Драган Тевдовски. Оливер Спасовски, како што дознава ТВ21, ќе раководи со МВР, Мила Царовска со Министерството за труд и социјала, додека Љупчо Николовски ќе го води Министерството за земјоделство. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за ТВ21 изјави  дека “Едмонд Адеми ќе биде министер”  во неговиот кабинет, а како што дознаваме нему може да му се додели Министерството за култура.

Според сознанијата од коалициските партнери, партиите на Албанците во Македонија ќе добијат осум ,односно девет министерски места, од кои две без ресор. За позицијата вице-премиер за спроведување на Охридскиот договор, се спомнува  името на Изет Меџити , досегашниот градоначалник на Општина Чаир, но не е исклучена можноста нему да му биде доверено Министерството за економија или за транспорт и врски.

Но од друга страна, се дознава и дека лидерот на ДУИ  инсистира Меџити да се трка за уште еден,  четврт мандат во Чаир, како најдобра опција за зачувување на оваа скопска општина под контрола на ДУИ. И за Бујар Османи има слични комбинации, да добие место во владиниот кабинет или да влезе во трка за позиција во Општина Чаир!

ТВ21 дознава дека досегашната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, има можност да биде нов шеф на државната дипломатија. Од огранокот на ДУИ во Тетово, на владино ниво не се исклучува да помине Хазби Лика.  Арбер Адеми и Башким Ахмети, се две имиња од сегашниот владин состав, кои одново може да добијат место во кабинетот на Заев, иако засега без поддршка од ограноците, за разлика од  Ширете Елези ја има поддршката од огранокот во Гостивар.

Од Алијанса за Албанците, се зборува за двајца кандидати. Арбен Таравари, како што се дознава  е можниот иден  министер за здравство, доколку овој ресор му се додели на партиите од блокот на Албанците.

Фатмир Алиу

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР